Битолчани од црквата “Св. Петка“ во Рокдејл, Сиднеј, го чекаат новиот свештеник

Денес на аеродромот во Сиднеј треба да пристигне новиот парошки свештеник, кој ќе работи во најголемата православна Македонска црква во Австралија, во црквата “Св. Петка“..

Според пишувањето на Кире Циревски, за новиот свештеник Владо Недески, се е подготвено, а организиран е и негов пречек уште на аеродромот во Сиднеј.

Отец Владо Недески веќе е на пат за Сиднеј, со неговото семејство и во црвата во Рокдаел, Сиднејско предградие, ќе биде парох во Австралиско-Сиднејската епархија на МПЦ-ОА.

Во најголемата македонска колонија во Рокдејл,  Сиднеј, живеат најголем број на иселеници кои потекнуваат од битолскиот крај, а ги има од Битола и од околните села, Ротино, Цапари, Ѓавато, Нижеполе, Трново и Магарево и други села.

Се очекува со пристигнувањето да се намалат тензиите околу тоа кој ќе раководи со најголемата македонска црква во Австралија, но ќе треба уште време да се реши судскиот спорт кој веќе долги години се влече по Австралиските судови, од кој корист имаат само адвокатите кои ги застапуваат двете страни.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top