Битолско-прилепските локали ноќеска со „непоканети гости“- МВР со контрола

По Скопје каде се затворија над 10 угостителски објекти, МВР се пушти во акција и во Битола и Прилеп..

Како што јавија дел од медиумите ноќеска во полициска акција биле претресувани кафулиња, ресторани и дискотеки, но и кафеани.

Во коориднација со УЈП во овие градови се проверувало дали нелегално им се точи алкохол на малолетници дали се почитува законот за пушење и дали се издаваат фискални сметки.

Дали е затворен некој објект и дали се констатирани неправилности во овие градови се очекува МВР да се изјасни во текот на денов.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top