Бизнис вреден 26 милијарди долари: Британците прават нова воена флота за Австралија

Британската компанија од секторот на воената индустрија, "BAE Systems", добила договор вреден 35 милијарди австралиски долари за изградба на нова австралиска воена флота од девет морнарички фрегати, соопштила денес владата во Канбера..

"BAE Systems" за новата флота го одбрала моделот "Глобален борбен брод Тип 26", кој ќе ги замени осумте стари фрегати од Анзак класата, кои се во употреба од 1996. година. Новите бродови, кои ќе бидат промовирани под името Хантер класа, ќе ги гради австралиската државна компанија "ASC Shipbuilding", во јужниот град Аделаид, а почетокот на испораката на фрегатите, со современи воени ракети, во австралиската морнарица се очекуваат кон крајот на 2020-тите. 

Премиерот на Австралија, Малколм Турнбул, изјавил дека овој програм ќе отвори 5.000 директни работни места во земјата, и уште 10.000 индиректни низ националниот ланец за снабдување.

"Градот Аделаид ќе биде центар на военопоморското бродоградење во Австралија. Тој ќе биде еден од главните бродоградежни центри во светот и регионот", додал Турнбул.

"BAE" во трката за добивање на оваа работа се борел со италијанската компанија "Fincantieri" и шпанската "Navantia".



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top