Блер: Оптимист сум дека Македонија наскоро ќе стане дел од ЕУ и НАТО, а со тоа и дел од силна Европа

Поранешниот британски премиер, Тони Блер, вчера, во ремки на Сахара балкананскиот мировен фестивал, говореше за предизвиците со кои се соочува светскиот мир, но и сите негови региони, вклучително и Балканот..

Тој изрази оптимизам дека Македонија што поскоро ќе стане дел од Европската унија и НАТО, а со тоа и дел од силна Европа која како таква, заедно со силни САД на Западот и силна Кина на Истокот, ќе биде дел од глобалниот баланс потребен за мир и просперит на светско ниво. 

Блер во својот 40 минутен говор, се осврна и на она што се случуваше на Македонија изминатава деценија - од земја со конфликт, до земја кандидат за членство во Европската унија. 

„И покрај сите проблеми Македонија успеа да стане една извонредна земја“, рече Блер. 

Притоа, тој посочи дека денес на сите им е познат проблемот кој го има Македонија поради кој се уште не може да стане членка на ЕУ и НАТО, изразувајќи надеж дека тоа наскоро ќе се реши.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top