Блиска средба меѓу американски и руски воен брод, САД најавија демарш за Русија

САД ќе поднесат дипломатски протестен демарш за Русија, поради инцидентот во Источното кинеско море, кога за малку ќе дојдеше до судир помеѓу американски и руски воен брод..

САД сметаат дека инцидентот се случил поради, како што велат, небезбедниот морнарички маневар на еден од руските борбени бродови. Портпаролот на американската армија јави дека нема повредени и нема наводна штета.

Од другата страна, за инцидентот Москва го обвини Вашингтон. Оттука тврдат дека американски крстосувач го попречил минувањето на разорувачот „Адмирал Виноградов“, приоѓајќи му на околу 50 метри. Руската морнарица објави дека нивниот брод морал да го смени правецот на движење за да избегне судир.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top