Блумберг донира 100 милиони долари за кампањата на Бајден на Флорида

Милијардерот Мајкл Блумберг,планира да потроши најмалку 100 милиони долари за да му помогне на демократскиот кандидат Џозеф Бајден во претседателската кампања во клучната сојзуна држава Флорида..

Победата на Бајден на Флорида значително би го искомлицирала патот на Трамп до 270 гласа на Изборниот колеџ потребни за обезбедување на вториот мандат.

Лани милијардерот Блумберг влезе во трката за претседателски кандидат на Демократската партија. Тој потроши милијарда долари во својата кампања, но во март се откажа од трката и набрзо го поддржа Бајден.

Гласањето во Флорида почнува на 24 септември. Затоа, како што рече советникот на Блумберг, потребно е што побрзо да се вложат средства во таа сојузна држава, а поголемиот дел од парите да се потрошат на телевизиско рекламирање.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top