Боб Кар ќе поднесе оставка од Cенатот

Поранешниот министер за надворешни работи, Боб Кар, планира да поднесе оставка од сенаторското место, штом ќе се врати во Австралија од Русија.

Cенаторот Кар, се уште е во Cанкт Петерсбург каде ја претставува Австралија на самитот Г20, но планира да ја депонира својата оставка кон крајот на неделава, пишува Australian Financial Review.

Неодамна, Боб Кар беше гостин на манифестацијата која ја организираше Македонската обединета дијаспора во Сиднеј. 

Боб Кар до сега ја извршуваше функцијата Министер за надворешни работи на Австралија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top