Боки 13 му ја утепа кариерата на Јовче Ременски - СУСПЕНДИРАН Е

Фросина Ременски е под истрага за рекети кои со неа и други ги правела невладината организација Меѓународен Сојуз на Боки 13..

Иако ова беше очекувано, изненадувачки е што преку отворањето на истрага за потпретседателката на Собранието од СДСМ се откриваат и други дејствија кои таа ги првалеа, за сопствен интерес и обезбедување моќ и влијание за себе и својот сопруг.

Имено, Вечер.мк дознава дека пред назначувањето на Виктор Димовски за директор на новата Агенција за национална безбедност, Јовче Ременски бил заинтерсиран и инсистирал за оваа позиција, помогнато со лобирање на неговата сопруга Фросина. Но, не ги исполнил условите за прв човек на АНБ, помеѓу останатото заради немање резултати во претходното работење, како и непознавање на англиски јазик.

Фросина Ременски во партијата излобирала, ако веќе не може да биде прв со конкурс, да биде втор човек на АНБ без конкурс.

Јовче Ременски требало овие денови да биде поставен за началник на директоратот за операции – клучна функција во АНБ – новата Управа за државна безбедност. Но, поради отворањето истрага за неговата сопруга, Јовче Ременски формално не ја добил таа функција и сега е на располагање без работни задачи што е статус кој одговара на суспендиран.

Освен ова, запрено е поставување на функции и примање на работа на околу други 20-тина лица во АНБ, кои Јовче Ременски ги донел од УБК како свој кадар, што дополнително создава проблеми во АНБ, бидејќи нерешениот статус на тие 20-тина лица го блокира процесот за пресметка на плати за сите вработени во АНБ.

Бројката на вработени во досегашната УБК, а со тоа и на вработени кои преминале во АНБ, се води како класифицирана информација, иако во медиумите се појавија шпекулации дека половина од досегашните разузнавачи не ги исполнувале новите критериуми или, пак, не ги поминале безбедносните проверки. Оние што не ги исполнуваат критериумите, како што е предвидено со преодните одредби од Законот за АНБ (која е во надлежност на Владата), ќе останат да работата во МВР тие, пак, што не ги поминале безбедносните проверки – ќе бидат трансферирани во други институции.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна потврди дека е утврден безбедносен ризик за околу 50 вработени во поранешната УБК. Тие, како што објасни, ќе мора да го напуштат МВР и би биле распределени во други државни институции. Спасовски рече и дека вработените во УБК кои не аплицирале за новата АНБ остануваат во МВР.

Според неофицијални информации, најголем е процентот на оние што не ги поминале безбедносните проверки поради кривични пријави што биле поднесувани против нив. Исто така, стотина од вработените во досегашната УБК воопшто не аплицирале за преминување во новата АНБ. Дел од нив поради тоа што не ги исполнуваат условите или се пред заминување во пензија.

Повеќето од оние што не аплицирале, всушност, стравувале дека нема да го поминат ветингот и свесно ги избегнале безбедносните проверки. Тие сега ќе останат да работат во МВР, каде што, исто така, почнува ветинг за вработените. Министерот Спасовски пред извесно време оцени дека ветинг во МВР е повеќе од потребен. Тој посочи дека постојат сериозни индиции дека некои од полицајците, командирите и началниците имаат повеќекратно зголемен имот, како што немаат луѓе кои и по 20 години имаат бизниси во земјава. Спасовски нагласи и дека ветингот е неопходен поради повеќе од 50 случаи на фалсификувани дипломи на полициски службеници, од кои некои и на раководни позиции, како и поради бројката на сторители на кривични дела во МВР.

Со укинувањето на УБК се формира АНБ, но Агенцијата не функционира дури ни кога се во прашање рутински проблеми.

На пример, членовите на АНБ немаат службени легитимации - значки, туку сеуште се преставуваат и работат со значките од УБК.

Немаат службени возила, туку користат полициски автомобили, а не се испочитува ни обврската од препораките на Прибе, АНБ да биде и физички раздвоена од полицијата, бидејќи во полициската станица Бит пазар на пример, работат и полицајците и припадници на АНБ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top