Боки 13 од понеделник во домашен притвор?

Во понеделник, апелација ќе решава за тоа дали Бојан Јовановски, првообвинет во случајот Рекет, ќе остане во притвор во затворот во Шутка..

Во овој суд, денеска стигнало мислењето од обвинителството, но за сега нема информација дали е позитивно или негативно.

Адвокатот на Јовановски бара тој да биде пуштен од Шутка поради неговата здравствена состојба.

Инаку, Јовановски, најдоцна в понеделник ќе биде пуштен од градската болница осми септември, велат од болницата.

Тој ќе биде таму се додека не се комплетираат резултатите од испитувањата. Јовановски беше примен во оваа болница, со упат од доктор во затворот во Шутка. Од болницата 8-ми Септември велат дека е сместен во апартман на интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба.

Во моментот е во добра општа состојба и здравствена кондиција.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски, неодамна обвини дека здравствениот систем си поигрува со животот на Јовановски.

Од тројцата обвинети во случајот Рекет, само Јовановски остана во притвор во Шутка, додека Катица Јанева и Зоран Милевски Кичеец се бранат од домашен притвор.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top