Боки 13 под истрага за уште едно кривично дело

Доколку обвинетиот се огласи за виновен, по правосилноста на пресудата одземените предмети со одлука на судот ќе бидат трајно одземени..

Завршена е постапката за пописот на привремено одземените предмети од осомничениот Бојан Јовановски Боки 13-ка во случајот „Рекет“ што вчера ја правеше Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Согласно закон, одземените предмети по извршениот попис се чуваат во Агенцијата за управување со одземен имот до правосилност на пресудата за сега осомничениот Јовановски. Доколку обвинетиот се огласи за виновен, по правосилноста на пресудата одземените предмети со одлука на судот ќе бидат трајно одземени.

Од Обвинителство за Плусинфо додаваат дека за Јовановски од кого се одземени предметите, во моментов се води истрага и за кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од Кривичниот законик, затоа што претходно примените парични средства од кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ ги пуштил во оптек како легално стекнати пари.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top