„Бомба“: Договорен трансферот на Икарди, Марота најде клуб надвор од Италија!

Неверојатна вест ја запали италијанската и европската фудбалска јавност..

Додека сите чекаа да видат дали Мауро Икарди ќе го избере Јувентус или Наполи како нова дестинација за продолжување на кариерата, најголемата италијанска медиумска куќа „Раи“ лансираше приказна за која никој не очекуваше да ја слушне – Интер и Монако постигнале тотален договор за трансферот на аргентинскиот голгетер!

Монако по катастрофалниот почеток на сезоната и двата порази без постигнат гол реагираше експресно и понуди услови какви што во овој момент не можат ни Јувентус, ни Наполи! „Раи“ тврди дека Монако отишол пет милиони евра повеќе од бараните пари и на Интер му понудил 65.000.000 евра само за фиксниот дел од обештетувањето, со многу богати бонуси кои подоцна би оделе кај „Нероазурите“. Во клубот не размислувале, веднаш пружиле рака на купувачите од Кнежеството, бидејќи ваквиот расплет бил идеален за Интер! Причина е што Икарди ќе го продадат надвор од Италија, во клуб кој не игра во ЛШ, а нема да ги засили Јуве и Наполи како најголеми конкуренти во шампионската трка.

Новинарот на „Раи“ Чиро Венерато синоќа објави дека по долг попладневен состанок Џузепе Марота постигнал договор со Монако кој треба да се следната дестинација за Икарди. Марота разговарал со генералниот менаџер на „Кнезовите“ Олег Петров и одлучил да ја прифати понудата иако Наполи ја понудил истата сума.

Сега останува потешкиот дел, односно Монако да го убеди Икарди и неговата сопруга и агент Ванда Нара. Клубот кој се натпреварува во Лига 1 е подготвен да издвои 12 милиони евра на годишно ниво за Икарди во следните пет години плус сериозни бонуси за тимските успеси, што е драстично повеќе од она што го зема во Интер. Икарди во Интер заработува 4,5 милиони евра годишно, а Наполи му нуди 7,5 милиони како фиксен дел, со 2 милиони евра во бонуси.

Икарди има ултиматум од Наполи, додека Јуве чека да ја реши ситуацијата со Дибала за да отвори простор за Икарди. Но, Јувентус и Наполи во овој момент не можат да му парираат на Монако од финансиски аспект. Друга е спортската страна на приказната, каде Монако е во дебело заостанување. Првенствено бидејќи не игра во ЛШ, што за Икарди е многу важно, а ниту концепцијата на тимот не е таква за „Кнезовите“ во блиска иднина да можат да се борат за титулата. Икарди во Монако дефинитивно би имал загарантирано место во нападот бидејќи Фалкао до крајот на неделата се сели во Галатасарај.

Монако како место би бил идеално за живот за двојката Икарди – Ванда Нара. Познато е дека двајцата често патуваат во Кнежевството на одмор, па тоа не им е непознат терен. Икарди би можел да најде мир кој во Италија не би можел, ако ги избере Јувентус или Наполи, но исто така мора да прифати и сушни години кога станува збор за трофеите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top