„Бомба“ од Англија: Кинески милијардер го купува Манчестер Јунајтед!!!

Кинески милијардер, чие име уште не се спомнува, е подготвен да го купи мнозинскиот пакет акции во Манчестер Јунајтед, пишува денеска угледниот Тајмс..

Според весникот, тој веќе разговарал со неколку акционери на оваа тема. Уште не е дојдено до фазата за продажба на блок на акции, но според блиски извори до милијардерот, прашање е само на време кога Јунајтед ќе падне во кинески раце.

Во прилог на оваа тема е неодамнешната информација дека семејството Глејзер, коа поседува 80% од акциите на клубот, е подготвено да го продаде контролниот пакет. Сепак, тие ќе останат во Јунајтед, но како малцински сопственици.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top