Бомба од Италија: Берлускони се враќа во фудбалот!

Според пишувањата на италијанскиот Скај Спорт, контроверзниот Силвио Берлускони кој беше поранешен премиер, е подготвен да се врати во фудбалот и да купи свој нов клуб..

Идејниот творец на Милан кој направи еден гигантски европски клуб, минатата сезона го продаден клубот на кинеска компанија, а година дена подоцна е подготвен да се врати со свој клуб.

Тој наводно преговарал со фамилијата Коломбо, кои се актуелни сопственици на Монца, а изворот наведува дека во таа работа ќе му помага стариот партнер Адријано Галијани, кој по потекло е од Монца.

Галијани беше и функционер во Монца пред да дојде во Милан на должност. Монца игра во Серија Ц, трет ранг во италијанскиот фудбал, а клубот во минатите децении го следеа претежно неуспеси.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top