Бомба од Камп Ноу: Буфон пред трансфер во Барса!

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон најави дека ќе се врати во матичниот клуб Парма, но нема да биде чудо ако во новата сезона биде резерва на Марк Андре Тер Штеген во Барселона..

Каталонските медиуми објавија дека првакот на Шпанија стапила во контакт со негови претставници и во следните денови можеби ќе има повеќе детали на оваа тема. Се чека изборот на Јаспер Цилесен, дали ќе си замине од Барселона или ќе остане на клупата на овој тим по што ќе биде донесена конечната одлука за Буфон.

Евентуалното доаѓање на Буфон ќе значи дека Барса и идната сезона нема да ја освои Лигата на шампионите. Или, пак, можеби и тој како Тиери Анри со каталонскиот клуб ќе ја оствари својата најголема желба.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top