Бомба пред крајот на денот: Барса го договори и вториот бисер од Ајакс

По Френки де Јонг, Барселона го договорила и трансферот на дефанзивецот на Ајакс, Матијс де Лихт..

Информацијата ја потврдија неколку шпански медиуми кои објавија дека младиот Холанѓанец ќе остане на Камп Ноу до 2024 година. Барселона се брза да ја заврши работата што побрзо, пред да се вклучат други заинтересирани клубови кои би можеле да ја кренат цената.

Де Лихт е еден од најдобрите млади фудбалери на светот, во август ќе наполни 20 години и веќе му се предвидува блескава кариера.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top