Бомба во најава: Дали ова е новиот клуб на Серхио Рамос?!

Во Реал владее тотален хаос!.

По исклучително лошите одлуки на трансфер пазарот минатото лето, следуваше вистински распад на сисемот откако екипата ја презеде Хулен Лопетеги.

Ништо подобро не беше ни под водство на Сантијаго Солари, екипата беше елиминирана од Ајакс, а голема вина за тоа има и капитенот Серхио Рамос.

Флорентино Перез бил мошне лут на него, дефанзивецот му порачал дека сака да си оди од клубот, а негова нова дестинација би можела да биде Торино!

Мадридски „АС“ пишува за тоа дека Јуве подготвува понуда за незадоволниот капитен на „Кралскиот клуб“, адут повеќе би можел да биде евентуалното враќање на Жозе Мурињо во Реал Мадрид.

Рамос и Мурињо не се разделија на најдобар начин откако „Специјалниот“ често ги критикуваше водачите на клановите во соблекувалната, а Рамос застана на страната на Касиљас кој практично е избркан од клубот.

На Реал дефинитивно му претстои голем ремонт следното лето.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top