„Бомба“ во најава: Левандовски понуден на Манчестер Јунајтед, цената е јасна!

Суперагентот Пини Захави му го понуди на Манчестер Јунајтед својот клиент Роберт Левандовски!.

И покрај противењето на Баерн, израелскиот агент е решен ова лето на својот клиент да му го обезбеди трансферот на кариерата и така карткорочната соработка да ја завршат со потпис кој веројатно ќе влезе меѓу најголемите во историјата на фудбалот. Така јавува „Билд“, кој ретко кога објавува вести без силно покритие, Левандовски е желен за нов предизвик во кариерата и подготвен е да сврти нов лист. На водечките луѓе во Баерн ова не им е драго, но со оглед на тоа дека Левандовски веќе побара да биде ставен на трансфер листата, во клубот решија да прифатат само понуди кои ќе бидат барем 200.000.000 евра! И тука Јунајтед е во проблеми.

Познато е дека Жозе Мурињо е вљубеник во квалитетите на полскиот голгетер, но доколку на трансфер пазарот се појави Кристијано Роналдо, Манчестер Јунајтед речиси сигурно сите ресурси ќе ги насочи кон враќање на најдобриот фудбалер на светот на „Олд Трафорд“.

Во Јунајтед размислуваат за тоа да го ангажираат и Сергеј Милинковиќ Савиќ, за кого ќе биде потребно да издвојат барем 120.000.000 евра, што автоматски значи дека пари за Левандовски ќе немаат. За потсетување, Левандовски минатиот месец доби можност од Захави да биде понуден на Јунајтед, но и Челзи и ПСЖ, што тој од прво го одби бидејќи сметаше дека тоа нема да биде трансфер во посакуваната насока, а и сакаше да сочека понуда од Реал Мадрид. По новиот расплет кој се случи во „Кралскиот клуб“, заминувањето на Зидан и се поизвесниот крај на Роналдо, Левандовски започна да ги разгледува и останатите опции, поради што Захави доби зелено светло да започне преговори со Манчестер Јунајтед.

Сепак, со право се поставува прашањето – како и дали заедно во ист систем би можеле да функционираат Ромелу Лукаку и Роберт Левандовски како две класични „деветки“. Заедно во тимот е речиси невозможно, а тешко е да се поверува дека било кој од нив двајца ќе се помири со тоа да биде резерва на другиот.

Левандовски, како и да е, подготвен е да започне нов живот и тоа далеку од Минхен. Само енигмата е дали некој ќе ја почитува желбата на Баерн и ќе плати 200.000.000 евра за играч кој на крајот од август полни 30 години.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top