БОМБА: Заев од одмор „собра“ стабилно мнозинство во Собранието за нова Влада

СДСМ ќе коалицира со ДУИ..

Петседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Зоран Заев, иако официјално е на одмор до после Илинденските празници, за кога се очекува да се конституира Собранието на Македонија во својот нов состав, па да ги започне преговорите за добивање на мандатот од претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, индиректно очигледно ги спои политичките партии на новото парламентарно мнозинство.
Имено прво ДУИ преку своите портпароли и потпретседатели, како Артан Груби, Бујар Османи и Теута Арифи најавија дека тие својата политичка партија и освоените 15 пратенички мандати ги гледаат во Влада со СДСМ и коалицијата Можеме.
Откако синоќа Државната изборна комисија ги заклучи изборите во своите резултати и ги потврди проектираните мандати, денес се огласија и од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива кои во законодавниот дом имаат 12 пратенички мандати.
Тие изјавија дека согласно начелата на коалицијата не им смета делување во Влада заедно со ДУИ но која ќе ја предводи СДСМ и коалицијата Можеме. Со тоа бројот на пратеници кои Заев може лесно да ги менаџира веќе е 73 пратенички мандати – со сосема голема извесност дека и ДПА и Мендух Тачи ќе ја поддржи владината коалиција но нема да е дел од неа.
Од другата страна во опозиција во овој собраниски состав повеќе од очигледно ќе останат ВМРО – ДПМНЕ и “десничарско” – левичарска партија Левица кои заедно имаат 46 пратенички мандати колку што СДСМ и коалицијата Можеме имаат сами

Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top