Бомбашот од Санкт Петерсбург лани бил депортиран од Турција

Турските безбедносни претставници соопштија дека бомбашот самоубиец, осомничен за нападот во метрото во Санкт Петерсбург бил депортиран од Турција минатата година..

Акбарџон Џалилов (22) од Киргистан се разнесе на 3 април во воз меѓу две станици, при што беа убиеи 13, а ранети десетици луѓе.

Неименуван претставник за АП изјави дека Џалилов влегол во Турција во ноември 2015 со турситичка виза и дека е депортиран во Русија во декември 201 поради кршење на законот за визи.

Изречена му била парична казна и забрана за влез во Турција на 120 дена.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top