„Bondi Beach“ во Сиднеј ќе биде затворена поради непочитување на мерките

Федералните и државните политичари ги критикуваа постапките на илјадници луѓе кои ги преплавија плажите во Сиднеј во петокот, и покрај јасниот совет да практикуваат социјално дистанцирање секогаш кога е можно..

Плажата „Bondi Beach“ во Сиднеј е затворена откако илјадници луѓе беа фотографирани игнорирајќи ги советите за социјално дистанцирање, при што властите на Нов Јужен Велс предупредуваат дека може да се затворат и повеќе плажи доколку не се почитува забраната на федералната влада за собири на над 500 луѓе.

Луѓето се собраа на плажите низ Сиднеј во петокот и покрај здравствените совети да останат 1,5 метри подалеку од другите луѓе и да останат дома кога е можно, предизвикувајќи бес на социјалните медиуми и од политичарите.

Министерот за здравство Грег Хант во саботата го нарече однесувањето на луѓето „неприфатливо“ бидејќи бројот на заболени од СОВИД-19 во Австралија надмина 1.000.

Г-дин Хант ја повика јавноста сериозно да ги сфати здравствените совети од владата, одекнувајќи ги претходните изјави на НСВ и властите во Викторија и ги повика локалните совети да преземат чекор за да обезбедат усогласеност.

„Ако ги кршите тие правила, вие не само што се ставате во ризик, туку ги ставате во ризик и другите Австралијани“, рече тој.

Прочитајте повеќе на SBS.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top