Бонева и Срцев си поднесоа оставки од ДИК

Оставки од Државната изборна комисија си поднесоа и членовите Силвана Бонева и Сашо Срцев од ВМРО ДПМНЕ..

– Минатата недела членовите на  ДИК беа посочени како типичен школски пример за корупција и подложени на јавен линч, со неосновани обвиненија и истовремено носење на пресуди, иако законски сме работеле, дека сме биле неморални – пишува во оставката на Силвана Бонева.

Предходно денеска оставки поднесоа Атанас Урумов и Реџеп Прекопуца од редот на експертите и Субхи Јакупи од ДУИ, а вчера први оставка дадоа претседателот на ДИК Александар Чичаковски и Игор Милев и Виолета Дума, членови предложени од СДСМ.

Во ДИК остана само Ермира Асани-Салија, предложена од Движењето Беса која беше избрана непосредно пред локалните избори.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top