Бонучи се врати во Јувентус, навивачите го уништија!

Италијанскиот ветеран Леонардо Бонучи официјално се врати во тимот на Јувентус откако “бјанконерите” и Милан договорија размена на вкупно тројца фудбалери..

Во спротивна насока заминаа Гонзало Игуаин и Матија Калдара, а Бонучи во текот на вчерашниот ден беше претставен повторно како нов играч на “Старата дама”. Сепак, навивачите не му го простија ланското заминување во Милан иако тој е жива легенда на клубот.

“Тука сме за Кристијано, не за Бонучи! Каде е Роналдо?”, скандираа тие за време на претставувањето.

Бонучи има шест шампионски титули со Јувентус, три Купа на Италија и две финалиња во Лигата на шампионите. Токму едното од нив, против Реал, е негов последен настап во дресот на Јуве.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top