Борис Џонсон се извини што не успеа да го исполни ветувањето за брегзитот

Вонредните избори во Британија се закажани на 12 декември..

Британскиот премиер, Борис Џонсон изјави дека се извинува до членовите на неговата Конзервативна партија кои гласале за него поради ветувањето дека до 31 октомври ќе ја извади Велика Британија од Европската Унија, со договор или без него.

Како што пренесе „АП“, тој за „Скај њуз“ рече дека длабоко жали што не успеал.

Претходно, парламентот ја блокираше неговата намера Велика Британија да ја напушти ЕУ безусловно до 31 октомври, и побара од него да предолжи продолжување на рокот.

ЕУ прифати дека рокот за брегзит е продолжен до 31 јануари, идната година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top