Борисов со важен разговор по телефон, од како се разбра дека Косово се закани со војна на Балканот

Во телефонски разговор косовскиот претседател Хашим Тачи го увери премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов дека Косово нема за цел да започне никакви конфликти или вооружени напади..

Тоа го соопштија од владината служба за информации.

Разговорот следи по средбата меѓу бугарскиот премиер и српскиот претседател Александар Вучиќ во Мостар, каде двајцата се обединија за мир и европска перспектива за државите од Балканот.

Тачи му се заблагодари на Борисов за неговите заложби за развој на европската интеграција на државите од Западниот Балкан.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top