Борисов: За да постигне просперитет, Балканот има потреба од мир

„Ако ја направиме инфраструктурата, ќе има просперитет. Се обидовме поинаку, не успеа“, смета Борисов..

„Во оваа толку важна изборна година за Босна и Херцеговина на секој начин ќе се обидеме да помагаме за задржување на единството на државата. На Балканот не може да пристапуваме себично. Проблем во било која држава, влијае и на другите, затоа сметам и на колегите за постигнување мир“.

Тоа го прокоментира премиерот на бугарија, Бојко Борисов по средбата со Драган Човиќ, член на претседателството на Босна и Херцеговина и домаќин на 21-тиот Меѓународен економски саем во Мостар, соопштија локалните медиуми.

Борисов е специјален гостин на саемот што си постави за цел да го зајакне економскиот развој преку средби на бизнис круговите од регионот со светски компании. Во неа ќе бидат вклучени и политичките лидери од земјите од Западен Балкан.

На средбата на Борисов и Човиќ се дискутирало за билатералните односи, пред кои има неискористени потенцијали, според заеднички изразено мислење, за евроатланската перспектива на земјите од регионот и најсериозен инструмент за гарантирањето нејзино – развојот на економијата и на инфраструктурата.

„Сигурен сум дека нашиот евроатлантски пат е без алтернатива“, категоричен пак беше членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top