„Борка“: Да се обезбедат достоинствени услови за децата болни од рак

Здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден“ реагира на информацијата дека одделението за хематологија на Детска Клиника е затворено..

– „Борка“ како пациентско здружение, не може да остане индифернтно кога на ваков груб начин се кршат правата на пациентите, а се загарантирани со Уставот на Република Македонија. Особено сме разочарани дека ваква груба пресметка се случува на грбот на една од најранливите категории на лица, деца болни од рак… Затворањето на хематолошкото оддление на Детската Клиника не е начин на кој треба „политички“ се однесуваме кон децата. Ние како Здружение, кое се залага да се почитуваат правата на пациентите бараме итно да се обезбедат достоинствени услови за лекување, особено за оваа категорија на деца, да им се обезбдеи соодветна и навремена терапија и достоинствен третман за да го победат ракот“, се вели во денешното соопштение од „Борка“.

Од Здружението истакнуваат  дека доколку  на Клиниката нема персонал или лекови, децата кои се болни од рак да бидат испратени на лекување во странство.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека на хематолошкото одделение и на Одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести ќе бидат примени нови 20 медицински сестри, а информацијата за НОВА ја потврди и директорката на Клиниката Ставриќ.

„Да, точно е дека ќе бидат со договор на дело. Но, тоа ќе ја олесни состојбата. Мора да се угасне пожарот. Првите 20 ќе потпишат договори веднаш, а за еден месец ќе побараме уште 25 нови медицински сестри. Тие нема веднаш да се ставаат да дежураат, прво ќе поминат низ обука така што се надеваме дека до летото веќе ќе бидеме во подобра кондиција“, изјави за НОВА, директорката Ставриќ.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top