Бошкоски: На Инфективна сум, но се чувствувам одлично

Лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, на Фејсбук потврди дека е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, но вели дека се чувствува добро..

„Поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите. Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично. “, напиша Бошкоски.

Тој уште минатата недела изјави дека е заразен со коронавирусот. Направил тест за проверка од ковид-19 затоа што сакал да патува во Хрватска, но се покажало дека е заболен. Тогаш рече дека е во изолација во родното село Челопек во тетовско.

Освен Бошковски, на Инфективната клиника претходно беа хоспитализирани и претседателот на Собранието, Талат Џафери и пратениците Милошоски и Зибери.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top