Бошковски со БОМБАСТИЧНА изјава: Ќе бев милионер и немаше да одлежам ниту еден ден во Хаг ако сакав да коалицирам со ВМРО - ДПМНЕ!

Изјава на Љубе Бошкоски, многу бевме чесни во преговорите со ДС и последното што побара Павле Трајанов беше тројца носители на листа..

И тоа го прифативме. Павле Трајанов ги бараше изборните единици еден, два и четири, за мене 5, за Достоинсто 6 и за ВМРО-НП тројка. 

И потоа мислевме дека тоа е завршено но од нигде никаде, кога помисливме дека сè е готово, како гром од ведро небо се отвори прашањето дали постизборно ќе коалицираме со ВМРО-ДПМНЕ. 

Никогаш не сме го ставиле на маса ова прашање. Ако сакав да бидам дел од ВМРО-ДПМНЕ немаше да лежам ниту еден ден затвор и ќе бев милионер. Имаше шанса и ова прашање да се затвори, но потоа ДС побара и три втори места на листата, што веќе беше премногу – вели Љубе Бошкоски.


Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top