Божикна честитка од Генералниот Конзул во Австралија - Бети Коруновска до православните Македонци во Австралија и светот

Божикна честитка до Македонците во Австралија и светот.

По повод големиот Христијански празник - Рожденство Христово - Божик, Генералниот Конзул на Република Македонија во Австралија -  Бети Коруновска, упати честитка до граѓаните на Република Македонија во Австралија од православна вероисповед, православните верници во Република Македонија и насекаде во светот: „Во духот на вербата во Бога, во духот на љубовта кон човештвото, да се упатиме кон правдата и вистината, да понудиме помош на сите на кои им е потребна.
Нека во нашите срца и души се всели духовен мир и спокојство, радост и разбирање.
На овој голем ден, Ви посакувам здравје што го издигнува телото и хармонија и верба што го храни духот.
Христос се роди!!!


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top