Божин Павловски: Подобро е Мијалков да ги врати парите

Братучедите, според аудиоснимките, со прескапите апарати за прислушување ја имаа смачкано македонската интелигенција, која беше преплашена како никогаш порано и повлечена“, вели Павловски..

„Мислам дека не е доволно тоа што Сашо Мијалков ја става својата политичка активност во мирување. Треба веднаш да ги уплати во буџетот парите од израелската провизија кои се идентификувани како земени, ако веќе не го сторил тоа“, вели писателот Божин Павловски, а пренесува „Либертас“.

Иако, како што вели Павловски, веста за повлекувањето од политиката е вистински илинденски подарок за македонската демократија, без конкуренција, Мијалков беше најопскурната и најконтроверзна личност во изминатите десет години.

„При емитувањето на аудиоснимките се уверивме дека станува збор и за човек без скрупули. Да имавме вистинско судство, тој ќе одговараше веќе истиот ден, не само поради злоупотреба на државната функција со спектакуларното апсење на Љубе Бошкоски, туку и за нарушување на изборниот процес. Но, тој се одржа до крвавите настани во Диво Насеље затоа што, заедно со својот братучед, ја имаа заробено државата. Што од страв, што од лични интереси, раководните тимови на институциите не фукционираа. Братучедите, според аудиоснимките, со прескапите апарати за прислушување ја имаа смачкано македонската интелигенција, која беше преплашена како никогаш порано и повлечена“, вели Павловски.

Макфакс


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top