Брат Љубе во Ранковце со поддршка за Ивица и Христина Младеновска

Претседателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски беше во посета на Општина Ранковце каде го посети општинскиот комитет на Обединети за Македонија Ранковце заедно со претседателот Дејан Савовски.

Бошкоски ја искажа својата поддршка на кандидатот за градоначалник  Ивица Тошевски поддржан од Обединети за Македонија и коалицијата за Живот во Македонија како и носителката на советничката листа на коалицијата  Христина Младеновска.

Заедно го посетија пазарот каде Бошкоски беше срдечно пречекан од граѓаните кои му ја искажаа довербата и му се заблагодарија за присуството.

Бошкоски е најангажиран на овие избори со што нема митинг или средба каде што самиот не присуствува за разлика од другите коалициони парнери кој само се појавуваат на митинзите каде збори премиерот Заев.

Тука влијае и самата јачина на партијата на Бошкоски која има 60 општински комитети во Цела Македонија и добро развиена структура со што другите коалициски партнери неможат да се пофалат со ваква организираност во нивните партии.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top