Бразилскиот претседател си го пратил синот во САД по помош за пожарите во Амазонија

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска изјави дека во текот на денот очекува вести на барањето за помош за пожарите во Амазонија , што го упатил до претседателот на САД , Доналд Трамп..

Болсонаро рече дека ќе има повеќе информации кога миниастерот за надворешни работи Ернесто Араујо , и неговиот син , Едуард Болсонаро ќе се сретнат со американскиот претседател, но не знае кога ќе се случи средбата.

Двајцата вчеравечер заминале за Вашингтон , а синот на претседателот пред заминувањето изјавил дека со Трамп ќе разговара за амазонската криза.

Инаку , наскоро синот на претседрателот на Бразил треба да биде именуван за амбасадор на оваа земја во САД.

Бразилскиот претседател денеска изјави дека е подготвен за помош да разговара и со канцеларката Ангела Меркел , но не и со францускиот претседател Емануел Макрон , освен ако тој прво не се извини. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top