Бред Пит: „Анџелина е обичен манипулатор”

Познатиот актер Бред Пит ги негираше тврдењата на неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли дека не плаќал алиментација..

Откако холивудската актерка Анџелина Џоли го обвини нејзиниот сопруг дека не ја плаќа договорената сума за алиментација, адвокатите на Бред Пит, исто така, рекоа дека актерот ѝ платил повеќе од девет милиони долари на прочуената актерка и дека таа од тие пари купила куќа и ги платила заостанатите сметки.

Тимот на актерот, исто така, наведува дека Анџелина ја манипулира јавноста и се користи со валкани трикови, пренесува „Дејли мејл“.

Застапниците во документот што го предадоа на судот наведоа дека Пит ѝ позајмил на Ангелина осум милиони долари за да купи вила и дал 1,3 милиони долари за алиментација.

Иако поминаа две години од разводот, познатата двојка сè уште не е официјално разведена. Анџела Џоли поднесе барање за развод поради наводно непомирливи разлики.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top