Брисел со остра порака до Џонсон: Ова е глупава игра

ЕУ ја обвини Британија дека игра ,,глупава игра на обвинувања” поврзана со Брегзит , откако било јавено дека договор не е можен , зашто германската канцеларка Ангела Меркел поставила неприфатливи барања..

Само на 23 дена до очекуваното излегување на Велика Британија од ЕУ, иднината на Брегзит е многу неизвесна, со тоа што Лондон и Брисел ја избегнуваат вината за одложување или Брегзит без договор.

„Борис Џонсон, нема победа ако станува збор за некоја глупава игра за обвинување“, напиша претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на Твитер. „Иднината на Европа и Велика Британија е во прашање, како што е безбедноста и интересите на нашите граѓани. Вие не сакате договор, не сакате продолжување, не сакате да го отповикате (Брегзит), кво вадис?“

Извор од Даунинг стрит изјави дека Меркел и Џонсон разговарале утрово, и таа јасно ставила до знаење дека договорот е „многу малку веројатен“, знак дека предлозите на Џонсон не успеале.

Изворот исто така рекол дека договорот е невозможен доколку канцеларката и ЕУ споделат ист став за останување на Северна Ирска во царинската унија.

Меркел рече дека за да се постигне договор, Северна Ирска мора да остане во Царинската унија на ЕУ и да остане целосно усогласена со ЕУ засекогаш, изјави извор во Даунинг стрит.

„Ако ова претставува ново стекната позиција, тогаш тоа значи дека договорот во суштина не е можен не само сега, туку никогаш“, рекол изворот. Портпаролот на германската канцеларка потврди дека се случил телефонски разговор, но не сакал да даде детали.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top