Британецот починал од премногу алкохол?!

Колин Џефри пред два дена почина на Инфективната клиника во Скопје каде бил пренесен во тешка состојба..

Преголема количина на алкохол најверојатно е причината за смртта на Британецот за кој постоеше соменение дека можеби се заразил со ебола. Ваква информација добиле новинарите на Дејли Меил од високи извори во македонското здравство.

Колин Џефри пред два дена почина на Инфективната клиника во Скопје каде бил пренесен во тешка состојба.

Македонското здравство се сомневаше дека можеби станува збор за заразен од ебола и итно ги превзема сите мерки за контрола на ситуацијата. Хотелот во скопски центар каде престојувал Бирртанецот бепе ставен во карантин а примероци беа испратени за анализа во Германија.

Денеска по присигнувањето на примероците, здравствените власти соопштија дека не станува збор за ебола и дека по обдукцијааќе се знае од што починал Џефри. 

Иако британските медиуми објавуваат дека станува збор за труење со алкохол, неговиот пријател со која престојуваше заедно во Скопје вели дека тој не пиел повеќе од вообичаеното.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top