Британија ќе изгуби дел резервите на злато, ако Шкотска прогласи независност

Имотот и богатството на Велика Британија ќе биде предмет на преговори за поделба, доколку Шкотска прогласи независност, соопшти портпаролот на трезорот на Велика Британија..

Велика Британија, чии резерви на злато се проценуваат на 12,6 милијарди долари, се наоѓа на 18 место во светот според резервите на злато. Се вкупно, Британија поседува 310 метрички тони злато.

Според последната анкета на „YouGov“, објавена во Сандеј Тајмс, 51 отсто од Шкотите се за независност, додека 49 отсто ја поддржуваат сегашната унија. Ова е прва анкета која навести дека е возможно Шкотите да изгласаат независност на референдумот на 18 септември. Доколку прогласат независност, ќе следат преговори со Лондон на кои се преговара за имотот, вклучувајќи ги златните резерви, фунтата и нафтата во Северното Море.

Поранешниот премиер на Британија, Гордон Браун се соочува со постојани критики поради продажба на околу 400 тони злато на Велика Британија во периодот од 1999 до 2002 година, кога цената на благородниот метал беше најниска во последните 20 години. Во последната деценија цената за златото пет пати порасна достигнувајќи вредност од 1.920 долари за унца. Браун исто така се приклучи кон кампањата за зачувување на унијата со Англија, стара 307 години.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top