Британија против коронавирусот ќе ги вакцинира само старите и најзагрозените

Претседателката на британската комисија задолжена за вакцината на коронавирусот, Кејт Бингем, изјави дека вакцинирањето на целата популација во Обединетото Кралство нема да биде можно.

„Нема да бидат вакцинирани помладите од 18 години. Таа вакцина е наменета само за возрасните, лицата постари од 50 години, за здравствените работници и вработените во домовите за стари и немоќни лица“, вели Бингем во разговорот за весникот The Financial Times.

Нејзината изјава доаѓа откако премиерт Борис Џонсон рече дека очекува оти следните неколку месеци од пандемијата ќе бидат тешки, но дека сѐ радикално ќе се промени од пролетта.

„Луѓето зборуваат за тоа дека во одреден момент ќе се вакцинира целата популација, но тоа е погрешно“, вели Бингем и додава дека вакцинирањето на здрави лица, кои се изложени на многу помал ризик од тешките последици од респираторната болест Covid-19 „може да нанесе одредена штета“.

Велика Британија во неделата го мина прагот од 500.000 зарази со коронавирусот, од кои починале 42.300 луѓе, што е најмногу во Европа.

Весникот The Times минатата седмица, цитирајќи научници, извести дека вакцината против Covdi-19 во Британија био можела да биде завршена за само три месеца, додавајќи дека здравствените работници проценуваат дека сите возрасни лица би можеле да примат доза од вакцината во рок од шест месеци.

Бингем, пак, вели дека планот на владата е вакцинирање на околу 30 милиони луѓе, од вкупно 67 милиони жители на Велика Британија, доколку биде пронајдена ефикасна вакцина.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top