Британија: Внимавајте, има сомнеж за ебола во Македонија

Британската влада во препораката за патување во Македонија, нагласува дека македонските здравствени власти објавиле дека лице со симптоми на ебола починало во земјата..

Смртта на Британецот во Македонија, за кој постои сомнеш дека починал од ебола, е топ тема во светските медиуми.

За „Телеграф.мк“, од британската амбасада изјавиле дека сè уште немаат информации дали нивниот државјанин во Македонија престојувал туристички.

Британската влада во препораката за патување во Македонија, нагласува дека македонските здравствени власти објавиле дека лице со симптоми на ебола починало во земјата.

„Се прават тестови за да се утврди причината за смртта. Како и да е, според нашите информации, веројатно причината не е ебола. Македонската влада јасно стави на знаење дека ги имплементираат препораките на Светската здравствена организација за заштита од високоризични болести“, се вели во препораката за патување која беше изменета денеска.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top