Британија воведе санкции против Лукашенко и неговиот син

Велика Британија воведе санкции против белорускиот претседател Александар Лукашенко, неговиот син и уште шест високи владини претставници, оценети како одговорни за местење на претседателските избори во август и сузбивање на уличните протести..

Секретарот за надворешни работи, Доминик Раб, ги објави санкциите во вторникот во координација со сличен потег од Канада. „Ние ќе ги повикаме на одговорност одговорните за насилството против белорускиот народ и ќе се залагаме за нашите вредности на демократијата и човековите права“, рече тој.

Санкциите вклучуваат замрзнување на имотот и забрана за патување на самиот Лукашенко. Тоа е прв пат новиот британски режим на санкции развиен во пресрет на „Брегзит“ да воведе санкции на претседател што ја извршува функцијата. Другите цели се синот на Лукашенко, Виктор, и Игор Сергеенко, шеф на претседателската администрација.

Овој потег следи по притисокот од Литванија и Полска, двете земји во Европската унија кои најмногу ги поддржуваа протестите, но сè уште не е јасно дали САД ќе ги преземат истите чекори.

Повеќе од 12.000 луѓе се уапсени откако Лукашенко беше прогласен за голем победник на изборите на 9 август, кои опозицијата ги отфрли како наместени. Владини претставници забранија набљудувачи на британската амбасада да ги следат изборите.

Британско-канадската одлука беше објавена непосредно откако францускиот претседател Емануел Макрон, во посета на Литванија, се сретна со опозицискиот лидер Светлана Тихановска во потег што ја приближува до официјалното признавање од Европа како легитимен лидер на Белорусија.

Тихановска, присилена на егзил во Литванија под притисок на Лукашенко, по средбата со Макрон изјави дека тој ветил оти ќе помогне во преговорите за ослободување на затворениците во Белорусија.

Средбата на Макрон беше показател на солидарност откако ЕУ не можеше колективно да постигне договор за санкции против Белорусија бидејќи Кипар рече дека ќе стави вето на овој потег сѐ додека ЕУ исто така не се согласи да воведе санкции за Турција како дел од посебниот спор за правата за дупчење на гасот во источен Медитеран.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, изрази длабока лична фрустрација за неможноста на ЕУ да покаже брза солидарност со белоруската опозиција. За него нема да биде загуба што Велика Британија и Канада биле во можност да дејствуваат. Исто така, постојат сомнежи дали Германија сака да воведе санкции против претседателот Лукашенко. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top