Британската министерка си поднесе оставка

Британската министерка за работа и пензии, Амбер Руд си поднесе оставка и ја напушти Конзервативната партија..

Како што пренесува „ББС“, Амбер Руд смета дека напуштањето на ЕУ без никаков договор не може да биде главна цел на британската Влада.

Таа отпуштањето на 21 пратеник од конзервативната партија го толкува како „напад на пристојноста и демократијата“.

Во кабинетот велат дека се разочарани од оставката на министерката.

Медиумите оценија дека ова е уште еден удар за премиерот Борис Џонсон.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top