Британската премиерка Меј на одлучувачки состанок во Брисел

Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе пристигне во Брисел на преговори со клучните лица на ЕУ, кои би можеле да бидат одлучувачки дали Британија е способна да влезе во нова фаза од трговските разговори со Унијата..

Уредничката на британскиот јавен сервис за Европа, Катја Адлер, вели дека во текот на викендот се постигнати договори меѓу Лондон и  Брисел за „трошоците за разводот”, кои треба да ги плати британската страна, како и правата на граѓаните, но дека прашањето за границата на Обединетото Кралство со Ирска останува отворено.
Се очекува Меј да се сретне со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Од  Даунинг стрит порачуваат дека ќе следат „повеќе разговори”, а пораката на Адлер е дека се чувствува „умерен оптимизам“.

Доаѓањето на Меј се совпаѓа со истекот на рокот, кој претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и го даде за да ја изнесе подобрената понуда поврзана со условите за британско повлекување од ЕУ.

На разговорите со Јункер и Туск, Меј ќе ја придружува државниот секретар за Брегзит, Дејвид Дејвис.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top