Британски медиуми: Оставка на Тереза Меј ќе го спаси Брегзит

Министрите во британската Влада отворено се побунија против премиерката Тереза Меј и побарале нејзина смена, а преговорите за Брегзит би ги завршил привремен премиер, јавуваат британските медиуми..

„Телеграф“ објави дека министрите со тоа сакаат да го спасат Брегзит и да спречат парламентот да ја преземе контролата над овој процес. Според „Сандеј тајмс“, најмалку шест министри сакаат нејзиниот заменик Дејвид Лидингтон да го преземе местото шеф на влада до регуларните избори. Весникот тврди дека министрите в понеделник, на владината седница, ќе се соочат со Меј и ќе се заканат со масовна оставка доколку таа не се повлече.

– Крајот е блузу. Заминува за десет дена, цитира „Сандеј тајмс“ неименуван министер.

Освен Лидингтон, поддршка од членовите на кабинетот имаат и актуелниот шеф на дипломатијата Џереми Хант и министерот за екологија Мајкл Гоув, пишува „Дејли меил“.

Велика Британија, според првобитниот план требаше да ја напушти Европската Унија на 29 март, но со лидерите од ЕУ постигнат е договор за одложување до 22 мај доколку британскиот Парламент следната недела го усвои договорот за Брегзит. Во споротивно Британија е соочена со излегување од ЕУ без договор.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top