Британскиот суд го одби барањето на Асанж за одложување на судењето

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој се бори против екстрадиција во САД од Велика Британија, не успеа да ги одложи судските рочишта кои продолжија по повеќемесечна пауза поради пандемија на коронавирус..

Асанж, кој се појави на суд избричен и во костум, одбива екстрадиција.

Американските власти поднесоа ново, пошироко, обвинение од 18 точки против Асанж во јуни.

49-годишниот Асанж, роден во Австралија, е обвинет за заговор за хакирање на владини компјутери и кршење на законите за шпионажа.

Судијата го одби барањето на адвокатот на Асанж да го одложи судењето за јануари, така што одбраната ќе има повеќе време да се подготви за новото обвинение во САД.

„Ние не сме за позиција да ги собереме потребните податоци и да одговориме на случајот што се појави во последните неколку недели“, рече адвокатот на Асанж, Марк Самерс.

Поддржувачите гледаат на Асанж како поборник за слобода на говорот кој ја откри американската злоупотреба на моќ.

Неговите критичари велат дека објавувајќи доверливи документи, тој несовесно ги загрозил животите на разузнавачките извори во Ирак, Иран и Авганистан.

Тој е на удар на критиките затоа што Викиликс објави неколку илјади хакирани електронски пораки поврзани со кампањата на Хилари Клинтон, неколку недели пред изборите во 2016 година.

Тој ги негира обвинувањата на американските обвинители дека Викиликс ги добил документите од руски хакери. Ова прашање не е дел од правниот процес.

Неговиот правен тим во Лондон тврди дека американските обвинувања против него се политички мотивирани и претставуваат закана за слободата на медиумите.

Тие велат дека тој би можел да изврши самоубиство ако биде испорачан во САД, каде што би можел да помине децении во затвор.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top