Брнабиќ: САД од корен го сменија односот кон Србија

Односот на САД кон Србија од корен се смени, изјави претседателката на српската влада Ана Брнабиќ по учеството на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Брнабиќ истовремено истакна дека „Србија треба уште многу да работи на односот со САД.“.

„Таа промена се гледа во спремноста да разговарате со некого не само туку така, туку да ја слушнете другата страна и можеби прифатите некои од аргументите“, изјави Брнабиќ.

На прашањето дали е задоволна од реакциите во Србија и светот по говорот што го одржа на заседанието на Генералното собрание на ОН, Брнабиќ кажа дека тоа било „многу емотивно искуство“ за неа и дека најголема чест ѝ е кога ја претставува Србија во светот.

„Имав трема, големо нешто е да се претставува својата земја во светот, а особено на Генералното собрание на ОН. Многу се спремав за тој говор и самата го пишував, бидејќи сакав да испратам јасна порала за новото лице на Србија која е храбра, одговорна, доволно силна и спремна на компромиси“, кажа српската премиерка и додаде дека испратила „пораки за регионален мир и стабилност и поглед кон иднината“.

Српската премиерка наведе и дека на средбата со генералниот секретар на ОН Антониот Гутереш таа и српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ им обрнале внимание на службениците на ОН на присуството на косовската делегација која, како што истакна Брнабиќ, имала дури 41 член.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top