Бродот на мирот со порака за Договорот од Преспа пристигна во Пиреа

„Бродот на мирот“ денеска го продолжува патувањето кон Италија, а потоа ќе замине за Малта, Шпанија, Мароко, Португалија, САД, итн..

„Преспа го покажа патот“ е пораката со која јапонскиот „Брод на мирот“ вчера пристигна на атинското пристаниште Пиреа, јави дописничката на МИА од Атина.

Патниците на „Бродот на мирот“, невладината организација со седиште во Јапонија, оваа година, нивната посета на најголемото грчко пристаниште решија, освен на мирот, да ја посветат и на договорот меѓу Северна Македонија и Грција.

На пристаништето Пиреа, беа пречекани од поранешниот министер и пратеник на СИРИЗА Тодорис Дрицас и од пратеникот на СИРИЗА, Панос Тригазис.

„Бродот на мирот“ денеска го продолжува патувањето кон Италија, а потоа ќе замине за Малта, Шпанија, Мароко, Португалија, САД, итн.

Патувањето за мир околу светот почна од Јапонија на 20 април годинава, каде што и ќе заврши, по 103 дена, на 2 август, со пристигнување во Осака.

„Бродот на мирот“ е меѓународна невладина организација, со седиште во Јапонија, формирана во 1983 за промоција на мирот и човековите права.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top