Бројот на потврдени случаи на зараза со Ковид-19 во Германија се зголеми на 36.508

Многу нови случаи и починати од Ковид-19 во светот и во Европа. Податоците до синоќа укажуваат дека во светот заразени со вирусот се околу 450.000 луѓе, починале околу 120.000, а излекувани се 112.000..

Вчера Шпанија ја претекна Италија според бројот на жртвите за 24 часа, а СЗО предвидува дека следниот епицентар ќе бидат САД.

Бројот на потврдени случаи на зараза со Ковид-19 во Германија се зголеми на 36.508. Од заразата досега починаа 198 луѓе, соопшти здравствениот Институт Роберт Кох.

Бројот на новозаразени е зголемен за 4.994 во изминатите 24 часа. Смртните случаи се 50 во изминатото деноноќие.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top