Бројот на заболени со Ковид-19 во Грција се искачи на 89

Министерството за здравство на Грција утрово соопшти дека се потврдени пет нови случаи на корона вирусот..

Четворица од ново заболените имале блиски контакти со  веќе потврдени случаи, а петиот е граѓанин кој патувал во Лондон. 

Со новите случаи бројката на заразени со Ковид-19 во Грција се искачи на 89 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Претставникот на Министерството за здравство на Грција, задолжен за коронавирусот, професорот Сотирис Циодрас соопштува дека е влошена состојбата на лицето кое изминатите денови е хоспитализирано на интензивна нега во болницата во грчкиот град Патра и се наоѓа во критична состојба.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top