Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 4 милиони

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина четири милиони и сега изнесува 4.014.320..

Починаа повеќе од 275.000 луѓе, а излечени се 1.385.000 лица.

САД имаат најмногу заразени, 1,3 милиони, со најголем број на смртни случаи, повеќе од 78.000.

Зад нив е Шпанија со 260.117 заразени, и 26.299 починати лица.

Втора земја во однос на смртноста е Велика Британија каде досега почин 31.000 луѓе.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top