Брутална порака од Мурињо за Погба: Ќе бидеш како него или ќе леташ

Двете сезони со Мурињо без титули во Премиер лигата и вкупно пет откако си замина Алекс Фергусон го натераа раководството на Манчестер Јунајтед да направи промени во структурата..

Индепендент објави дека португалскиот стручњак добил одврзани раце за трансфери на фудбалерите, она што го сакаше уште откако почна да се занимава со оваа работа. Прв што може да настрада од оваа промена е Пол Погба кој јасно добил до знаење како треба да се однесува во иднина.

Според весникот, Мурињо му порачал да биде како Немања Матиќ, да се фокусира на фудбалот и на секој натпревар да дава 100% од своите можности. На менаџерот на Јунајтед не му се допаѓа тоа што Погба е непрофесионалец, посветен е на работи кои немаат врска со фудбалот и многу лесно може да го продаде во летниот преоден рок.

Наводно, ПСЖ веднаш би го донел во своите редови, но Мурињо е подготвен да му даде последна шанса идната сезона.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top