Бучковски: Амбасадорската функција во САД е голем предизвик, но за тоа не сум разговарал со Заев и Димитров

Откако медиумите објавија дека поранешниот лидер на СДСМ и премиер Владо Бучковски е кандидат за нов македонски амбасадор во САД, тој вели дека во однос на оваа тема досега не разговарал со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Димитров..

-Голем предизвик е да се биде македонски амбасадор во САД, но за волја на вистината, нити со Премиерот ниту со Министерот за надворешни работи не сум разговарал на оваа тема – изјави Бучковски за Фокус.

Претходно, беше објавено дека тој се нашол на неформален список на Димитров за амбсадорската функција во Вашингтон што моментално ја извршува Васко Наумовски, кој дојде на оваа позиција за време на претходната влада, но остана на служба и по политичките промени.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top